Поврзи се со нас

Гостивар

Од денес стартува обесшетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Објавено

на

Исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на депозити до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари за депонентите на Еуростандард банка, започнува од денес (15 септември). Исплатата ќе се извршува преку четири деловни банки, а депонентите се распределени според почетните букви во презимето, односно првата буква од називот за самостојните вршители на дејност.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите АБ, В, Г и Д ќе се исплаќаат во експозитурите на Комерцијална банка 

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ ќе се исплаќаат во експозитурите на НЛБ Банка 

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на Стопанска банка 

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на Халкбанк АД Скопје

Депонентите – самостојни вршители на дејност со личен труд кои во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај биле регистрирани како ТП (трговци поединци) или Адвокат Име Презиме или Извршител Име Презиме или Нотар Име и Презиме, своето обесштетување ќе го подигнат според првата буква од називот.

Тие покрај документ за идентификација (лична карта, пасош) потребно е да приложат доказ за регистрација на стопанската дејност (тековна состојба).

Пример: Адвокат Петар Петровски се смета за депонент чиј назив започнува со буквата А.

ПримерТП Петар Петров се смета за депонент чиј назив започнува со буквата Т.

Повеќе детали на следниот ЛИНК.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена