Вести Гостивар
Од денес во кеш смеете да плаќате најмногу 500 евра

Согласно законските измени, од денес се забранува готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 или над 500 евра во денарска противвредност, како една или повеќе очигледно поврзани трансакции. Забрана ќе важи и за физички и за правни лица.
„Оваа мерка се спроведува со цел да се намали сивата економија и затоа што со плаќање на црно, практично се прави штета на граѓаните. Заради тоа ние превзедовме мерка за спуштање на лимитот за плаќање во кеш и таа мерка се спроведува од порано. Првиот лимит беше на 2.000 евра и успешно се реализира, потоа од 1 јануари годинава лимитот беше спуштен на 1.000 евра, а од 1 јуни до 500 евра. Тоа е борба против сивата економија и против плаќањата кои не се пријавени и не се оданочени“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.
Казните за непочитување на законот се движат од 5.000 до 80.000 евра.
Наместо кеш, како што голем дел од граѓаните се навикнати да плаќаат, од денес ќе мора да користат картички или да уплаќаат преку банка.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја