Поврзи се со нас

Македонија

Од октомври вакцинирани со една доза нема да можат да влегуваат во кафулиња, ресторани, на настани

Објавено

на

Од октомври, таму каде што се бараше потврда за само една доза вакцина, ќе се бара сертификат за целосна имунизација, со две дози, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ова, рече Филипче, е новата мерка што ќе се воведе најверојатно идниот месец. За други рестрикции засега не се размислува.

Бројката на новодијагностицирани со КОВИД во моментов е слична на онаа од изминатите денови, а нема ниту зголемен број хоспитализирани деца. Дали ќе се менува нешто во школскиот модел, ќе се знае откако ќе биде готова експертската анализа.

Резултатите од анализата за опфатот на вакцинацијата и возрасната група на дијагностицирани, се очекуваат во сабота и ќе бидат идникатор и за тоа дали евентуално ќе се предложат дополнителни мерки. Потоа, во недела или понеделник, се очекува состанок на надлежните.

Според Филипче, за задолжителна вакцинација е се уште рано, иако не е исклучено дека ваков потег ќе направат некои земји до крајот на оваа или идната година.

-Единствено нешто на што засега размислуваме е да биде дозволен влез со целосна имунизација таму каде што досега се бараше една доза вакцина. Но, ќе оставиме доволно време, две или три недели, за граѓаните, затоа и најверојатно оваа мерка ќе се воведе во октомври. За задолжителна вакцинација е се уште рано, но не ја исклучувам можноста. Некои земји можеби идната година ќе воведат и таква мерка, но засега граѓаните треба да се свесни и да одговорат на апелите да се вакцинираат, зашто тоа е единствен начин за бробра против пандемијата, истакна Филипче, потенцирајќи и дека токму каде што е најголем опфатот со вакцинацијата, Охрид, Ресен, Вевчани, Неготино, Кавадарци, најмал е притисокот врз болниците, а онаму каде што има најмалку вакцинирани, како во Тетово и Гостивар, притисокот е огромен.

Филипче нагласи дека целта е да се донесат одлуки врз основа на аргументи, да се потврди за каква специфична ситуација по региони станува збор. Децата, рече, се трансимитери, но родителите се заштитени ако се вакцнирани.

Министерот уште еднаш апелира граѓаните да се вакцинираат зашто опфатот е се уште мал. Тој забележа дека по секое воведување на нова мерка, интерсот за имунизација расте, но потоа, по извесно време, се намалува.

-Изминативе неколку дена отприлика ист е бројот на новодијагностицирани, 500 – 600. Тешко е да  се каже дали оваа бројка ќе бележи пад. Вакцинацијата добро се спроведува на сите пунктови. Последните денови има намалување на интересот е околу 2.000. Вкупно се вакцинирани 767.000 граѓани. Вирусот се шири и има тешка форма меѓу невакцинираните, над 90 отсто од сите починати се невакцинирани и од вкупно дијагностицираните 30.000 граѓани од 6 – 16 септември 21 процент се вакцинирани. Апелирам граѓаните да се вакцнириаат, се уште е мал опфатот. Потребен е многу поголем процент за да постигнеме целосен имунитет и да се смени сликата со пандемијата, рече Филипче.

Во изминатите десетина дена бројот на слободни кревети во Скопје е константен, 30 на интерните клиники, три одделенија се ангажирани, а другите работат нормално.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 13 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 14 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 17 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 20 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

Вести

Nga Tetori të vaksinuar me një dozë nuk do të mund të hyjnë në kafeteri, restorant, ngjarje

Објавено

на

Nga Tetori, atje ku kërkohej vërtetim për vetëm një dozë të vaksinës do të kërkohet çertifikatë për imunizim të plotë, me dy doza, njoftoi sot ministri i shëndetësisë Venko Filipçe.

Kjo, tha Filipçe, është masa e re që do të sillet sipas të gjitha gjasave muajin që vjen. Për restriksione të tjera tash për tash nuk bisedohet.

Numri i të diagnostifikuarve të rinj me KOVID për momentin është e ngjashme me atë të ditëve të kaluara, kurse nuk ka as numër të zmadhuar të fëmijëve të hospitalizuar. A do të ndryshohet diçka në modelin shkollor, do të duhet pasi të jetë e gatshme analiza e ekspertëve..

Rezultatet e analizës për përfshirjen e vaksinimit dhe grup mosha e të diagnostifikuarve, priten të shtunën dhe do të jenë indikator edhe për a të a do të propozohen eventualisht masa plotësuese. Pastaj, të dielën ose të hënën, pritet mbledhje me organet kompetente.

Sipas Filipçe, për vaksinim të detyrueshëm është ende herët, edhe pse nuk është shkyçur se një lëvizje të tillë do të bëjnë deri në fund të kësaj apo javës tjetër.

-Gjëja e vetme për të cilën tani mendojmë është të jetë e lejuar hyrja me imunizim të plotë atje ku deri tash kërkohej vetëm një dozë të vaksinës. Por, do të lejmë mjaftueshëm kohë, dy ose tre javë, për qytetarët, prandaj edhe me siguri kjo masë do të sillet në Tetor. Për vaksinim të detyrueshëm është ende herët, por nuk e shkyç mundësinë. Disa shtete ndoshta edhe vitin tjetër do të sjellin masë të tillëy por tash për tash qytetarët duhet të jenë të vetëdijshëm dhe t’i përgjigjen apelit për t’u vaksinuar, sepse ajo është mënyra r veten për betejë kundër pandemisë, theksoi Filipçe, duke potencuar edhe se atje ku është më e lartë përfshirja e vaksinimit, Ohër,Resnjë, Vevçani, Negotinë, Kavadarci, presioni ndaj spitaleve është më i vogël, kurse atje ku ka më pak të vaksinuar siç janë Tetova dhe Gostivari, presioni është i madh.

Популарно изминативе 100 дена