Поврзи се со нас

Гостивар

Од пазарот во Гостивар: Костените се здравје, вели 71 годишниот хаџи Дема од Речане, со семејна традиција на собирање костени

Објавено

на

На едно од ќошињата пред влезот на градскиот пазар во Гостивар, не може, а да не ги забележите педантно наредените вреќи, од кои ѕиркаат примамливи кафени плодови. Ова богатство од природата го нуди 71 годишниот хаџи Дема од гостиварско Речане, село кое важи за престолнина на костените. Во неговата околина ги има во изобилие, па голем дел од жителите се вклучуваат во бербата. Вредниот и голем муабетчија речанец, припаѓа на семејство кое има долга традиција на собирање костени, и со голема страст зборува за тоа.

„Речане е прочуено по квалитетен костен и богат род. Собирањето костени е наша долга семејна традиција, го правиме тоа од како знам за себе, а го пренесуваме и на новите генерации. Првиот костен во септември ја наговестува сезоната, која ете се‘ уште трае. Ние секоја година, сите осум члена од семејството одиме на собирање костени, ова е многу драг период од годината за нас. Овде на пазар, потоа јас ги носам да ги продавам.“, вели хаџи Дема.

Како и сите повозрасни луѓе во регионот и тој го посочува иселувањето како негативна појава, гледајќи ја од својот аспект:

„Костени има многу и тоа убави, но нема луѓе, слабо купувачи, општо за било што на пазарот. Еве денес е вторник, пазарен ден, а гледате нема гужва, нема луѓе, 80% од тие што ќе ги видите се продавачи. Пред 5 години на пример, во вторниците продававме по 80 килограми костени, сега едвај по 20-тина“.

Она што го нагласува речанецот е дека костените многу му помагаат во одржување на здравјето. Иако веќе ја згазнал осмата деценија од животот, не боледува од никаква болест, има доволно кондиција и сила да работи и да ужива во животот. „Костенот е корисен од лушпата до плодот. Секое делче може да биде благотворно за човекот. А освен за јадење, се користи и во козметика, за убавина на кожата.“, сподели со нас хаџи Дема, кој освен костени во понудата на пазарот вклучува и лешници, ореви и органски одгледуван лук.

Цената на костените на пазарот денес се движеше од 80 до 150 денари за килограм.

Костенот е големо дрво кое може да нарасне до 23 метри и да достигне старост преку 500 години. Од листовите и лушпите на костенот се произведува шампон. Од стеблото на дрвото се изработуваат мебел и огради. Во есенскиот период костеновиот цвет е главен извор на полен и нектар за пчелите. Костеновиот мед е многу лековит, помага при гастритис, го штити црниот дроб и придонесува кон подобра циркулација.

Плодот на костенот пука во есен кога е зрел. Едно дрво на костен, годишно може да даде и повеќе од 200 килограми плод.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 минути

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 4 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 4 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 16 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 17 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 19 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 20 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 21 час

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена