Вести
Од почетокот на годината во Гостивар имало деведесетина разводи
Гостивар е еден од градовите во Македонија со најголема стапка на разводи. Од почетокот на годината, до сега ги имало деведесетина. Трендот на пораст на растурање на брачните заедници, трае околу една деценија, а социјалните служби оценуваат дека и годинава се бележи благо зголемување на бројот на разводи. Иако, се уште постојат фиктивни разводи, кои сопружниците ги прават договорно, заради обезбедување на документи за заминување во странство, најголемиот дел се сепак реални.
Разводите носат трауматични искуства за децата и за да ги надминат и подобро да ја разберат ситуацијата неопходна е поддршка од стручни лица. Психолозите велат дека иако не постои правило, сепак после разводот најчесто децата остануваат со мајката, особено доколку се на помала возраст кога не можат сами да се хранат, облекуваат и слично. „Не може да има строгот правило, но искуството кажува дека кога се работи за помали деца кои не се самостојни и им треба поголема грижа, тогаш остануваат со мајката. Некогаш пак, кога се над 10 години, се проценува дека децата треба да се тргнат од таа средина кадешто биле, им треба промена, па заминуваат со таткото.“, вели психологот Билен Карахасан.
Минатата година, Гостивар ја заокружи со 106 разведени бракови. Најголемиот дел од нив биле меѓу помлади парови со малолетни деца.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди