Поврзи се со нас

Гостивар

Од полноќ, ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на нафтените деривати, кои почнуваат да важат од ноќеска на полноќ и ќе бидат на сила најмалку една седмица. Бензините поевтинуваат за два, а дизел горивата за 1,5 денари по литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 62 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98, ќе се продава по цена од 64 ден/литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС од полноќ, ќе изнесува 54,5 ден/лит, а поефтинува и Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе биде 43,5  ден/лит.

Намалувањето на цените е резултат на падот на цената на нафтата на светските берзи, односто таа е на најниско ниво од февруари 2016 година.

Сподели:
Advertisement
1 Коментар

1 Коментар

  1. Pero

    07/10/2019 во 22:34

    Ne poeftinuva cenata tuku gorivata. Cenata se namaluva. Nepismeni edni

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!