Поврзи се со нас

Македонија

Од полноќ поскапи цени на горивата

Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата, кои почнуваат да важат од ноќеска на полноќ.

Бензините поскапуваат за 2,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 69,5 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 за 72 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,5 односно 1 денар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,5 ден/лит.

Зголемување има и кај малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 34,034 денари за килограм.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно