Македонија
Од понеделник ревакцинираните ќе добиваат сертификат валиден за преминување граница

Наредната недела ќе се донесе одлука дали ќе има нови мерки за претстојните празници, а тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба, изјави.министерот за здравство Венко Филипче вчеравечер во гостување на Сител Телевизија. Во однос на имунизацијата, истакна дека динамиката ќе го достигне максималниот капацитет со пристигнување на 200.000 дози од кинеската вакцина.
„Следната недела ќе одлучиме дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници. Тоа ќе зависи од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период. Динамиката на вакцинирање ќе за забрза и достигне својот максимален капацитет со пристигнување на 200.000 дози од кинеската вакцина. Максималниот капацитет е околу 10.000 вакцинирани на ден, без спортските сали кои ги спремаме во Куманово, Штип, Кавадрци, Тетово, Охрид и Битола. Таму на повеќе пунктови ќе може да се вакцинира уште поголема бројка. Ги повикувам граѓаните да се пријавуваат за вакцинација“, изјави министерот.
Филипче информира и дека нашата држава веќе има изготвено сертификат за примени вакцини, по насоки на ЕУ со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за условите за преминување граница.
„Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од 20 тина овластени лаборатории кои стручната Комисија на МЗ и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција. Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба“, изјави Филипче.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград