Вести
Од понеделник стартува наплата на зонскиот паркинг во Гостивар
Возачите во Гостивар може да користат бесплатен зонски паркинг до крајот на оваа недела. Од понеделник (15 октомври) се активира наплатата на зонското паркирање, најавија од Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило. Изминатиот период биле направени сите подготовки, поставени се таблите, системот е тестиран и од претпријатието велат дека не очекуваат проблеми во функционирањето.
Што се однесува до цените, нема промена: 25 денари од час за централното градско подрачје и 10 денари од час за периферијата.
„Не можеме да се пофалиме дека има поефтинување, затоа што промената на цените е процедура. Треба прво да се обратиме до Управниот одбор, па да бараме одобрение од Советот на општината. Така, сега за сега цените остануваат исти.“, вели директорот на претпријатието, Музафер Зулбеари.
Директорот апелираше да се почитуваат правилата за зонски паркинг и нагласи дека парите кои ќе се собираат од наплатата ќе се наменат за плати на вработените и инвестиции во зеленилото. Плаќањето на зонскиот паркинг ќе се врши со СМС пораки, билети кои ќе се продаваат на одредени места или со месечни паркинг карти.
Зонскиот паркинг се користеше бесплатно од февруари до сега, откако актуелното општинско раководство го раскина договорот со фирмата која тогаш менаџираше со системот, со образложение дека постоеле злоупотреби. Минатиот месец беше потпишан договор за јавно-приватно партнерство со друга компанија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди