Вести
Од понеделник во земјава вакцинирање со „Фајзер“ на деца од 12 до 16 години

Министерот за здравство Венко Филипче денес информираше дека почнувајќи од понеделник (12 јули) вакцината против коронавирус на „Фајзер“ ќе може да ја примаат деца од 12 до 16 години.
„Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст. Родителите со деца по своја волја може да дојдат на пунктовите за да се вакцинираат, тоа не е задолжително. “, изјави министерот и додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца и посочи дека се вакцинираат деца во Србија, Грција, Германија.
Филипче информира дека последните четири случаи на заразени со индискиот сој се денеска потврдени во лабораторијата во МАНУ и тие немале премногу контакти.
„Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација итн“, рече тој.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја