Поврзи се со нас

Македонија

Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат активности против семејно насилство, на инвалидски организации и Црвениот крст

Објавено

на

Владата денеска донесе одлука за распоредување на приходите од игрите на среќа и од забавните игри во 2023 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст.

Со оваа одлука, како што соопшти владината Прес-служба, се распоредуваат средства во износ од 69 милиони денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидските организации, на Националниот сојуз на слепите, на Националниот сојуз на глуви и наглуви, на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија и на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака.

Дополнително, 9,71 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет и на Националниот сојуз на инвалиди на трудот.

За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4 милиони денари, за здружението Кризен центар Надеж, Организација на жени на Град Скопје и Национален совет за родова рамноправност, се наведува во соопштението од 124-та и 125-та седница на Владата.

За финансирање, пак, на Годишната програма на Црвениот крст на Република Северна Македонија е предвиден износ од 8 милиони денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6 милиони денари и средства во висина од 2 милиони денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година.

Одлуката ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика, согласно месечен план за исплата на овие средства, се додава во соопштението.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена