Македонија
Од први јули наплата на патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија

Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Проектот беше најавен во септември 2021 година во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а стартен датум за примена е 1 јули годинава.
Ќе функционира на начин што наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини и во Северна Македонија и во Србија.
-Реализацијата на проектот Отворен Балкан е во завршна фаза, се врши тестирање и проверка на системот, во реално време и со реални податоци. Системот ги помина успешно тестирањата, спремен е за употреба и е функционален. Изминатиов период се правеше подготовка на интеграција на системите за наплата на патарина на Република Северна Македонија и Република Србија. Исто така, се вршеше подготовка и изработка на безбеден и ефикасен начин за реализација на трансакциите во двете земји. Во интеграцијата на системот е ангажиран кадар што и досега работеше на воспоставување на електронската наплата, објаснуваат од ЈПДП.
ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com
Од ЈПДП истакнуваат дека со примената на т.н „еден таг“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се намали метежот на автопатиштата.
-Очекуваме овој начин на плаќање на патарина да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, да се намали емисијата на штетни гасови од моторните возила, а предност за граѓаните е што во таканаречениот шпиц во сезоната нема да чекаат во редици, а ова, пак, значи дека побрзо ќе стигаат до одредената дестинација, велат од ЈПДП.
По официјализрањето на иницијативата за заедничка наплата на патарини од која треба да биде дел и Албанија, на 31 март годинава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, потпишаа меморандум за соработка за интероперабилниот електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан.
-Освен што се овозможува граѓаните на двете држави да можат да плаќаат патарина преку електронскиот систем користејќи иста електронска картичка или електронски таг во двете земји се создава услови за зајакнување на соработката во областа на патниот сообраќај, развој и модернизација на транспортниот систем, подобрување на меѓусебната поврзаност, како и дополнително укинување на административните бариери заради слободно движење на патниците, информираа од Министерството за транспорт и врски по потпишувањето на меморандумот.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!