Вести Гостивар
Од септември во гостиварските училишта тргнуваат над 640 првачиња

Во основните и средни училишта на гостиварското подрачје, периодов се прават подготовките за успешен почеток на новата учебна година. Учениците се враќаат во училишните клупи на 2 септември, понеделник, а до тогаш планирано е во сите објекти да се спроведе темелно чистење, како и дезинфекција на училниците и другите простории.
Според податоците од општинскиот сектор за образование, во основните училишта во градот и селата, до сега се запишани 642 првачиња, додека во прва година средно 921 ученик. Бројките се поголеми во однос на лани, кога имало околу 620 првоодделенци и околу 700 ученици во прва година во средните училишта.
„Подготовките се во тек. Најважно е да се изврши дезинфекција и да се платат сметките за да може да почне учебната година како што треба, за да бидат задоволни и учениците и наставниот кадар и родителите“, рече Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во Општина Гостивар.
Во склоп на подготовките за новата учебна година, изминатиот период гостиварската локална самоуправа ги спроведе тендерските постапки за организиран превоз на ученици и за греење во зимската сезона во училиштата.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја