Македонија
Од среда социјалците да се пријавуваат за новите надоместоци

Министерството за труд и социјална политика најави дека исплатата на социјалните права според новите закони ќе започне во текот на идниот месец и дека помошта се зголемува за околу 300%. Министерката Мила Царовска ги повика сите лица коишто се во социјален ризик од среда да се пријавуваат во надлежните центри за социјална работа за да може да ги добијат новите надоместоците предвидени со социјалната реформа.
Ова се однесува на сите коишто досега примале социјална помош, домаќинствата со деца коишто се со една минимална плата, невработени родители коишто чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години коишто не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немаат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж.
„Среќна сум што ја стартуваме социјалната реформа со која на околу 30 илјади домаќинства им помагаме да излезат од сиромаштија. Ги унапредуваме правата на лицата со попречености и нивните семејства и работиме на намалување на детската сиромаштија со поправедна распределба на средствата.“, изјави министерката.
Царовска истакна дека со социјалната реформа четиричлено семејство со две школски деца ќе зема месечен надоместок од 10.600 денари. Ова е семеен пакет кој што ги содржи правата од гарантиран минимален приход, детскиот и образовниот додаток и енергетскиот додаток. Истото семејство сега најчесто земаше социјална помош од околу 3.000 денари.
Со реформата за прв пат се воведува социјална сигурност за стари лица. Месечниот надоместок изнесува 6.000 денари, и се очеува да го користат околу 6.000 лица кои не оствариле право на старосна пензија.
За лицата со попреченост и за нивните семејства со реформата се развиваат неколку нови услуги. Една од нив е одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за лица со попреченост. Новина во законот е тоа што правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата. Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош