Гостивар
Од утре нема дополнителен полициски час за пензионери и малолетници
Уставниот суд на денешната седница ја замрзна владината одлука за дополнителен полициски час за постарите од 67 години и за малолетниците.
„Уставен суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 точки 2 и 3 од Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката чија уставност ја оценува согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението до Уставен.
Ова значи дека од утре пензионерите и малолетните лица ќе може да се движат како и останатите: од 5 часот наутро до 19 попладне. За лицата до 18 години досега беше дозволено движење од 12 до 19 часот, а за лицата над 67 години од 5 до 12 часот.
Образложението од Уставниот суд е дека мнозинството на судии сметаа оти мерката е дискриминаторска за двете категории на граѓани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград