Поврзи се со нас

Македонија

Од утре пријавување за субвенциониран студентски оброк

Објавено

на

Министерството за образование и наука информира дека е објавен јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира  добивање на месечен паричен надоместок од околу 2400 денари за 9 месеци во годината. Рокот за пријавување за тековните студенти е од 25 ноември до 3 декември 2022 година.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите согласно повикот. .

По завршување на рокот за пријавување, секој апликант од страна на МОН ќе биде известен за статусот на пријавата по електронски пат. Годинава, исплатата ќе се реализира ретроактивно за периодот од 15 септември.

МОН обезбедува и непосредна поддршка за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк преку Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт:[email protected]  или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 час

Таравари: Гостивар треба да биде модел за Северна Македонија за меѓуетничките односи

Македонијапред 2 часа

Пендаровски ги потпиша указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 3 часа

Во Градец пуштен во употреба Дневен центар за лица со попреченост

Гостиварпред 4 часа

Нарушен јавен ред и мир во Гостивар на прославата за Ердоган

Македонијапред 5 часа

Бектеши: Нема продолжување на мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи и нема поскапување на струјата

Гостиварпред 6 часа

Реоформен Младинскиот совет во Гостивар

Гостиварпред 6 часа

Тепачка во гостиварска Циглана, приведени неколку лица

Македонијапред 7 часа

УЈП: Рокот за годишните даночни пријави истекува на крајот од овој месец

Македонијапред 9 часа

Одржана 10. државна изложба на македонско овчарско куче караман

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена