Поврзи се со нас

Македонија

Од утре пријавување за субвенциониран студентски оброк

Објавено

на

Министерството за образование и наука информира дека е објавен јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира  добивање на месечен паричен надоместок од околу 2400 денари за 9 месеци во годината. Рокот за пријавување за тековните студенти е од 25 ноември до 3 декември 2022 година.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите согласно повикот. .

По завршување на рокот за пријавување, секој апликант од страна на МОН ќе биде известен за статусот на пријавата по електронски пат. Годинава, исплатата ќе се реализира ретроактивно за периодот од 15 септември.

МОН обезбедува и непосредна поддршка за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк преку Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт:subvencioniran.obrok@mon.gov.mk  или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена