Поврзи се со нас

Гостивар

Од утре пробен попис – ќе биде опфатен и Гостивар

Објавено

на

Државниот завод за статистика најави дека од утре (13 јуни) ќе започне пробниот попис на населението и домаќинствата во 13 општини во земјава: Куманово, Гостивар, Прилеп, Кичево, Долнени, Кисела Вода, Зелениково,  Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово,  Кратово и Штип.

„Од петок веќе сме и на терен. Од пробниот попис нема да објавуваме податоци, туку тоа е тестирање, тоа се технички работи. Ќе имаме уште едно пробно тестирање во октомври или ноември, ќе проверуваме технички работи од апликацијата“, изјави директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Пробниот попис, кој е еден вид подготовка за пописот што треба да се спроведе следната година, ќе трае дваесетина дена. На терен ќе работат лиценцирани попишувачи кои ќе ги прибираат клучните податоци од граѓаните.

Во меѓувреме, ќе се „пеглаат“ партиските ставови на власта и опозицијата околу Предлог- Законот за  попис на населението, домаќинствата и становите, откако во понеделникот беше откажана собраниската расправа по ова прашање.

Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот Попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Предвидено е пописот да се спроведе со т.н. комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на Пописот. Друга новина е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена