Поврзи се со нас

Македонија

Од утре скрининг за ковид во основните училишта

Објавено

на

Комисијата за заразни болести соопшти дека од утре ќе се почне со скрининг тестирање за коронавирус во основните училишта.

„Од утре почнуваме со скрининг во основните училишта, каде бројката на позитивни е зголемена. Загрижувачките бројки беа аларм да направиме скрининг, кој ќе покаже каква е реално трансмисијата. Обезбедени се тимови кои ќе го спроведат скринингот и ќе ги соберат податоците, за преку нивна анализа да добиеме реална слика како се пренесува вирусот во основните училишта“, беше речено на денешната прес конференција на Комисијата.

Тестиорањето ќе се врши со брзи тестови и во простории на училиштата, како и претходно со потпишана согласност на родителите.

Според Комисијата во средните училишта за сега нема потреба од скрининг, затоа што состојбата е стабилна.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена