Вести Гостивар
Од утре топлотен бран во земјава, надлежните со препораки и апели за внимателност

Метеоролозите најавија дека од утре нашата земја ќе биде зафатена од топлотен бран, со многу високи температури. Топлото време се очекува да го достигне максимумот во среда и четврток, кога на повисоките места температурата ќе достигне над 30, а на пониските места и до 40 степени.
Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.
ДЗС апелираше до граѓаните да внимаваат кога се на отворено и: да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган на отворен простор и шума, да не се пали отпад, стрништа и меѓи, и граѓаните редовно да вршат косење на тревата, на ниската вегетација што е во нивна сопственост.
Ско се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193, нагласуваат од Дирекцијата.
Здравствените власти советуваат во жешките денови да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи соодветна облека, капа и наочари и да се конзумира доволно течности и полесна храна.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 20 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер