Гостивар
Од утре во Гостивар важат неколку нови одлуки во сообраќајот
Локалниот совет за превенција на Гостивар денес одржа состанок, на кој беа донесени неколку одлуки и заклучоци врзани со сообраќајот во период кога пелачбарите престојуваат во родниот крај.
Од општината инфромираат дека новините почнуват да важат од тре (15 јули), а се прават со цел олеснување на сообраќајот и создавање повеќе паркинг места. Во продолжение донесените одлуки и заклучоци:
– Дворовите на сите основни и средни училишта ќе се претворат во бесплатни паркинг места,
– На булеварите „Мајор Чеде Филиповски“ и „Браќа Ѓиноски“, во централниот дел на градот, строго да се почитува правилното и прописно паркирање;
– Јавното претпријатие „Паркинзи и зеленило“ ќе обезбеди дневни, неделни, двонеделни и месечни билети за паркирање, кои ќе се продаваат во повеќе продавници и во киосците на Тобако по поволни цени;
– Заедно со Црвениот крст ќе се делат флаери за поголема безбедност во патниот сообраќај, како и вода на граѓаните во жешки денови;
– Полицијата ќе го зголеми патролирањето и заедно со пајак службата ќе биде на терен со продолжено работно време;
– Општината е во консултации сме во овој период да се користат и приватни имоти кои можат да служат како паркинг.
„Сите што живееме во Гостивар, во овој период од еден месец поретко да ги користиме нашите возила!“, ова е наведено како заедничка констатација и апел од состанокот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар