Македонија
Од утре замрзнати маржи на леб, масло, млеко, брашно…

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Владата на денешната седница донела одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, која ќе почне да важи од утре (15 јуни), а ќе трае до 30 септември.
„Донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, кога ќе биде објавена во Службен весник, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел, сончогледово масло за јадење се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица и тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало“, истакна министерот, додавајќи дека листата на производи со ограничени маржи по потреба ќе се проширува.
„Веќе почнале да се намалуваат одредени цени, откако најавивме дека ќе донесеме ваква одлука. Ако инспекциите констатираат дека има нагло зголемување на други производи во делот на цените, ние ќе ја прошируваме листата, ако треба и на дневна база“, рече Бектеши.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022