Поврзи се со нас

Гостивар

Од веселба може да завршите во затвор! Доста е пукање на свадби, предупредува полицијата

Објавено

на

Секое лето, иста песна. Свадбените и други свечености во полошко не поминуваат без употреба на оружје или  неовластено приредување огномети. На ризиците кои може да бидат големи, воопшто не се размислува. Изминатиот период од заталкани куршуми во тетовскиот регион беа повредени две лица, меѓу кои едно малолетно.

Секторот за внатрешни работи Тетово во неколку наврати апелираше до граѓаните да се воздржат од пукање со пиштоли или друго оружје, како и од неовластено организирање огномети. СВР потенцира дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“,  за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик на Република Македонија ).

На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните  организатори навреме да ги спроведат  пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Полицијата во летниот период ги засили контролните активности на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена