Гостивар
Од вкупно 14 починати во ковид евиденцијата, 12 имале коморбидитети

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи со КОВИД-19, осум починати и 132 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 277 случаи од Скопје се 141, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, Гостивар, Крива Паланка и Струга – по 4, Гевгелија – 3, Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово – по 2, Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип.
Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции.
Од 132 оздравени пациенти од Куманово се 16, Прилеп – 15, Битола – 14, Охрид – 13, Скопје – 11, Велес – 10, Струга – 8, Кавадарци и Ресен – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 5, Гевгелија – 4, Тетово, Гостивар, Штип и Неготино – по 3, Кичево – 2, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Берово и Пехчево – по 1.
Од осумте починати пет се Скопје (60г, 79г, 80г, 84г и 86г) и по едно починато лице од Кичево (69г), Неготино (68г), и Струмица (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени шест починати лица од: Тетово (2), Велес (1), Скопје (1), Куманово (1), Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 41г до 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 28.02.2022 до 03.03.2022 година. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови и 3 лица во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (14), кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а 2 лица се пријавени без коморбидитети.
Направени се 2.635 тестови преку: ИЈЗ-246, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–78, Жан Митрев (Филип Втори)-49, Авицена-91, Биотек-108, Систина-48, лабораторија Лаор-117, Синлаб-12, Ремедика-9, Плодност-10, Генеа-11, Никоб Лаб-200, ВФВ Медикал-62, Ели Медика Плус-20, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.228.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022