Гостивар
Одбележан 11 Октомври во Гостивар – Положување цвеќе и почит на загинатите за слобода

По повод денешниот празник, Денот на востанието – 11 Октомври, Општинскиот одбор на Сојузот на борци организираше пригодно одбележување со положување цвеќе на споменикот во Градскиот парк во Гостивар и оддавање почит на загинатите за слобода.
За антифашистичката и национално-ослободителна борба на македонскиот народ пред присутните говореше професорката по историја, Катица Аврамовска, која меѓу другото истакна:
„Во 1941 година, македонскиот народ запиша уште една светла страница во вековните стремежи и идеали за слобода и создавање на сопствена држава. На 11 Октомври 1941 година, повторно се издигна борбеното и слободарското знаме. По цена на големи жртви, низ четиригодишната народноослободителна борба, македонскиот народ успеа да го прекине долгогодишното робување и зачекори по патот на слободен развој. Затоа, Македонија се определува за Балкан без граници и нема никакви територијални претензии или гранични спорови со ниту еден сосед. Како во 1941 година, така и денес сме на вистинската страна – на страната на мирот и здружувањето, на страната на европското утре, на страната на прогресивното човештво.“
Букети цвеќе на споменикот положија делегации од Сојузот на борци, Општинската организација на СДСМ, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Движењето ЗНАМ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос