Поврзи се со нас

Гостивар

Одбележан 23 Октомври во Гостивар: „Идеалите на македонската револуционерна организација да ни бидат водилка и мотив“

Објавено

на

Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври, во Гостивар беше одбележан со пригоден настан и потсетување на историските настани врзани со почетоците и значењето на македонската револуционерна организација. Одбележувањето го организираше гостиварскиот општински одбор на Сојузот на борци, чиј претседател Радислав Ѓиноски во обраќањето пред присутните испрати порака за обединување:

„Нашите претходници ни ја подарија слободата, ние сме должни да ја сочуваме, да ја предадеме на идните генерации. Мораме, последен час е дојден да ги збиеме сите редови, да го зачуваме ова наше мало парче земја. Гледате нападнати сме и однадвор и одвнатре, мора да сме обединети“.

Професорот по историја, Горан Павлоски даде осврт на формирањето на македонската револуционерна организација, мисијата, дејствувањето и трајниот белег што револуционерите го оставија за слободна земја. Меѓу другото, тој истакна:

„На 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмината македонски интелектуалци Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антов Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на  Организацијата.  На почетокот наречена Македонски револуционерен комитет, потоа преименувана во ТМОРО, ВМОРО а најмногу позната како ВМРО. На основачкиот состанок било решено Организацијата да биде тајна и нејзината територија да ја сочинува Македонија во географските и етнографските граници, во неа да членуваат лица што се родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност. Политичката цел била: автономија на Македонија, да се чува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните слободни држави. 23 Октомври го симболизира континуитетот на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена независна држава. Идеалите на македонската револуционерна организација и на македонските револуционери остануваат  да ни бидат водилка и вечен мотив во сите понатамошни борби и активности да ја зачуваме нашата слобода и независност, како и во совладување на сите сегашни и идни потешкотии“.

Во рамки на одбележувањето на празникот, претпладнево на споменикот на паднатите броци во градскиот парк делегации на боречката организација и политичките партии  положија букети цвеќе.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 час

Врнежи од дожд утре и во петок

Гостиварпред 3 часа

Го соблекле, му го пребарувале возилото и заминале…несекојдневен случај во гостиварско

Гостиварпред 4 часа

Gostivarpress.mk домаќин на ученици-млади новинари од ООУ „М.К.Ататурк“

Гостиварпред 6 часа

Гостиварец задржан во полиција по пријава за напад врз сопругата

Македонијапред 6 часа

Уставен го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција

Вестипред 7 часа

Шојгу: Во „специјалната воена операција“ загинаа над 444.000 украински војници

Гостиварпред 8 часа

Демнат крадци! СВР Тетово советува: Заклучувајте ги автомобилите и не оставајте вредни предмети на седиштата

Македонијапред 9 часа

Од понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво

Здравје и убавинапред 10 часа

Зошто е корисно редовно да се консумира киселото млеко?

Гостиварпред 1 недела

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Македонијапред 4 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 3 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 3 недели

Пред влезната врата од куќата на Таравари оставен куршум

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена