Поврзи се со нас

Македонија

Одбележан Денот на македонската полиција, 7 Мај

Објавено

на

    Во Центарот за обука на МВР во Идризово се одржа централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. На свеченоста присуствуваа претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев, раководството на министерството, министри и членови на дипломатскиот кор.

    „Правдата може да биде бавна, но никогаш не треба да биде слепа,“ велат. Наша задача е да и ги отвориме очите – преку професионална, етичка и непоткуплива полиција. Полиција која ќе го гони криминалот, без оглед на тоа дали стои зад маска, позиција или пари. И токму затоа, инвестираме и ќе продолжиме да инвестираме во вас – нашите полициски сили. Ќе вложуваме во технологија, опрема, обука, но и во достоинството што ви припаѓа. Вашата мисија е света – да чувате поредок, но и да вратите доверба кај народот.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

    Директорот на БЈБ Александар Јанев во своето обраќање речедека верува во идејата дека полицијата е чуварот на државата, и дека униформата и значката што полициските службеници ја носат се симбол на гордост, чест и одговорност, а не на моќ.

    „Во изминатите десетина месеци докажавме дека институцијата може да биде и праведна, и силна. Го засиливме оперативното работење, го зголемивме нашето присуство, воведовме нови оперативни модели на работа, ја започнавме новата ера преку дигиталната трансформација. Разбиени се криминални банди, нарко мрежи, терористички ќелии, расчистени се децениски нерасчистените убиства, откриени се злосторства поврзани со изнуди, нелегална трговија со луѓе, нелегални игри на среќа, злоупотреби во институции, фалсификувања на пари. Цврсто ја позиционираме македонската полиција на меѓународната мапа, ја издигнавме во искрен, рамноправен и силен партнер на агенциите за спроведување на законот од регионот, Европа и светот, преку заедничко и координирано работење придонесуваме за регионалната и глобалната безбедност.“, нагласи директорот Јанев.

    Министерот Тошковски истакна дека да се биде полицаец не значи само да се носи униформа, да се биде полицаец значи да се биде првата линија на одбрана на татковината, гласот на правдата и штитот на обичниот човек.

    „Современиот безбедносен контекст е сложен. Се соочуваме со нови форми на криминал, со регионални и глобални предизвици, со корупција, со миграциски притисоци, со растечки безбедносни ризици. Нашата улога денес е поодговорна од било кога.Во изминатиот период покажавме дека знаеме, можеме и мораме да постапуваме ефикасно и одлучно. Минатата година ја завршивме со намалување на вкупниот криминалитет за речиси пет проценти.“, потенцираше министерот Тошковски.

    Министерот во оваа прилика ги презентираше резултатите на министерството во борба со сите видови криминал и корупција и приближување на услугите до граѓаните.

    Посебен акцент беше ставен и на трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, во кој МВР по сеопфатна истрага поднесе кривични пријави против седумдесет сторители. Тошковски на крај зборуваше и за постојаните реформи кои се случуваат во МВР, воведувањето нови услуги, набавките на нова опрема, униформи, возила итн.

    По воведните обраќања, од страна на раководството на МВР беа доделени плакети и благодарници на најдобрите полициски службеници од различни полициски организациони единици за промоција на професионализмот и реализирани оперативни активности, институции и дипломатски претставништва во државата.

    По настанот, во текот на денот, а во чест на загинатите припадници на МВР, беше положено свежо цвеќе на повеќе локации.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена