Вести
Одбележан Меѓународниот ден на мирот во Гостивар
Меѓународниот ден на мирот 21-ви септември, во Гостивар беше одбележан со пригоден собир во летниот амфитеатар покрај кејот на Вардар. Настанот го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци, а присуствуваа и основци од гостиварските училишта.
Преку рефератот што го прочита Радислав Ѓиноски, претседател на Сојузот на борци Гостивар се испрати порака дека сите треба да се вклучат во градење на мирен и слободен свет и дека е неприфатливо во услови на големи достигнувања да се живее во глад и да има војни.
Свои пораки за мирен свет и безгрижен детски живот испратија и децата преку стихови кои ги прочитаа ученичките Ива Танческа и Наде Беловинова.
Одбележувањето во Гостивар се заокружи симболично точно на пладне со едноминутно молчење во знак на почит на сите жртви кои ги загубиле животите во војни. Меѓународниот ден на мирот е востановен во 1981 година, а во 2001 Генералното собрание на ОН едногласно усвои резолуција со која 21-ви септември се прогласува за ден на ненасилство и прекин на огнот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград