Гостивар
Одбележан празникот посветен на македонскиот светител Кирил Лешочки

Во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, во Лешок денес беше одбележан празникот во чест на македонскиот светител, Преподобниот Кирил Лешочки. На литургијата на Претходноосветени дарови чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г.Иларион во сослужение на надлежниот митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во својата беседа по повод празникот митрополитот г.Јосиф, меѓу другото рече:
„Денес, го празнуваме споменот на човекот, чиј што живот, мили мои, бил крстообразен и љубовен живот. Живот исполнет со Духот свети. Неговите боговдахновени слова и денес се од особена важност за нашето духовно растење и затоа треба често да ги препрочитуваме. Тој не само што бил налик на Мојсеа, тој за нашиот народ, бил и е налик на Јован Крстетелот „гласот на оној, кој вика во пустината“ (Марко 1,3). Живеејќи во едно тешко време, кога нашиот народ обземен од ропството живеел во апатија, тој бил оној кој ја сведочел вистинската вера на своето паство, ја враќал радоста во лицата на оние кои биле уморени од овој животот во овој суетен свет, со чии што страсти е соочен и секој еден од нас. И денес, драги мои, сите сме сведоци дека иако не живееме во телесно ропство, повторно нашиот народ е обезнадежен и потонат во една смртна сенка, исполнет со едно униние и гнев, зошто колективно е потонат во гревовна состојба, односно во едно тешко духовно ропство, кое резултира со голем морален пад во сите сфери на нашето општество. Изминатите недели, токму како резултат на децениската морална ерозија во нашето општество, сите ние бевме соочени со една голема болка поради трагедијата во Кочани. Болка која мора колективно да не промени преку покајанието. За да опстоиме како народ недвомислено ни е потребно покајание и разумност и борба, односно духовен подвиг со гревовните страсти од овој свет. Затоа нашата Црква, но и сета црква Христова во својата полнота во сите времиња постојано повикува на покајание, го повикува секој еден човек духовно и морално да се преобрази, преку своето христоподобно воспитание, кое секогаш го дава на разни начини. И денешниот спомен ден, празникот на нашиот голем народен учител Кирил е востановен токму со таа цел – за да нам христијаните – ни се даде вистински пример и образец како треба да постапуваме како христијани, угледувајќи се на светителот и угодникот Божји, на неговите зборови и на воспитанието кое тој го дал на многумина не само во Лешок, туку и на сите места каде што служел низ нашата татковина.“.
Канонизацијата за светител на Кирил Лешочки беше во октомври 2022-ра година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести