Поврзи се со нас

Македонија

Одбележана 41-годишнина од формирањето на САЕ „Тигар“

Објавено

на

Со тактичко показна вежба, доделување признанија и благодарници и низа свечености денеска во касарната „Илинден“ се одбележа 41-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Министерот за внатрешни рабори, Оливер Спасовски, порача дека претставува чест да се одбележи годишнината од формирањето на најреномирана полициска формација во рамки на МВР.

– На прагот од петтата деценија САЕ „Тигар“ од аспект на професионалност и стручност на нејзините пропадници претставува вистинска гордост не само на МВР, туку генерално на Северна Македонија, и на тоа сум длабоко убеден, изјави Спасовски.

Единицата „Тигар“, нагласи Спасовски е неизоставен сегмент од оперативните акции на МВР, и тие се секогаш подготвени за најтешките мисии и без нив речиси не може да помине некоја поголема полициска акција за сузбивање на криумчарење на дрога и криумчарање мигранти. Заедно со останатите единици, тие биле дел од бројни активности, во кои се запленети седум тони хероин во вредност од околу 300 милиони евра, 1,2 тони психотропни супстанци во вредност од 200 милиони евра и над два тони марихуана со вредност од 4,5 милиони евра.

Премиерот Димитар Ковачевски, порача дека единицата „Тигар“ е синоним за обученост по највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал, и претставува група од максимално посветени и врвно обучени поединци подгитвени да се справат со секој предизвик, кој може да биде закана за безбедноста на земјата.

– Вие и вашата единица испраќате силна порака дека Република Северна Македонија има добро подготвен и функционален систем за национална безбедност за борба против сите облици на криминал, а особено за борба против тероризмот. Почитувани припадници на „Тигар“ Ви го честитам денот на формирањето и во името на граѓаните Ви посакувам понатамошни успеси во извршувањето на вашите задачи, изјави Ковачевски.

Цвеќе пред спомен плочата на загинатите припадници на единицата положија делегации од Владата, Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедности и семејствата на загинатите претставници.

Командантот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ Митко Даневски, посочи дека единицата претставува професионална и високо опремена единица, која само во текот на минатата година имала обуки и вежби со зелените беретки на САД, како и специјалните единици Кобра од Австрија, Урна од Чешка, Карабинерите од Италија и Раид од Франција.

– Реализирани се повеќе од 100 акции за сузбивање криминалистички групи и апсење на вооружени лица, од кои 57 акции беа насочени кон спречување недозволена тргоција со наркотици и беа запленети повеќе од три тони наркотици и поголема количина на оружје. Извршени се и 69 упади во објекти и 13 препади на моторни возила со присилно запирање, при што лишени од слобода се 89 лица, изјави Даневски.

Направени се, посочи Даневски, и пет тактичко показни вежби, повеќе спасителни операции на луѓе и имот и учестување во гаснење на шумските пожари.

Во рамки на одбележување на свеченоста беа доделени и благодарници за соработката на МВР, БЈБ, Синдикатот на полицијата и поддржувачи на единицата. Јубилејни плакети за 5, 15 и 20 години служба во единицата беа врачени и на повеќе припадници од САЕ Тигар.

Министерот Спасовски му додели јубилејна плаката за 30 години континуирана служба и по повод пензионирање на помошник командантот на единицата Ѓоко Динчевски, додека премиерот Ковачевски му додели плаката на најдобриот припадник на единицата „Тигар“ за 2021 година.

Единицата минатата година е ребрендирана од единица за специјална задачи во единица за Специјална антитерористичка единица.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 22 минути

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 17 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 18 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 20 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 21 час

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена