Македонија
Одбележани 20 години Е-бизнис студии на Економскиот факултет

Е-бизнис департманот при Економскиот факултет во Скопје одбележа јубилеј, две децении постоење. На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
„Да бидеш лидер во својата струка, а истовремено и да ги поставуваш темелите за изучување на е-бизнисот како гранка од економијата, пред сè значи да имаш визија и смелост да чекориш по трнливиот пат, за да можеш да создадеш стручни лица кои ќе го предводат тргувањето на пазарот на стоки и услуги користејќи ги современите дигитални алатки. Со брзиот технолошки развој и особено со развојот на интернетот и социјалните медиуми, компаниите се исправени пред предизвикот континуирано да се прилагодуваат на тие промени и да бидат генератори на иновации и нови бизнис модели базирани на технологии, со цел да држат чекор со конкуренцијата на домашниот и меѓународниот пазар. Дигиталната трансформација на работењето е од клучно значење за постигнување деловен успех, но и за опстанок во глобалното и динамично окружување и во приватниот и во јавниот сектор, рече Шаќири.
Свое обраќање на јубилејот имаше деканот на Економскиот факултет, Предраг Трпески.
На студиите по Е-бизнис студентите изучуваат дигитална економија, дигитализација на каналите на продажба, дигитални иновации и маркетинг, вирален маркетинг и маркетинг преку социјални медиуми, бизнис информациски системи, мрежни пазари и конкуренција итн
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж