Поврзи се со нас

Македонија

Одбележани 42 години од формирањето на САЕ „Тигар“

Објавено

на

Во Касарна Илинден Скопје денеска се оддржа свечено одбележување на 13 Март – Денот на формирањето на Специјалната Антитерористичка Единица- „ТИГАР“ и 42 години од постоењето на Единицата, во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, амбасадори и полициски аташеа при амбасадите во земјава, поранешни команданти на Единицата, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица ,,Тигар“ при Бирото за Јавна безбедност во рамките на МВР.

Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ-,,ТИГАР“ беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Влада, МВР и семејствата на загинатите припадници на Единицата, како и од делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина предводена од министер за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ.

„Денес сите ние со гордост стоиме пред вас. Безбедноста на граѓаните ни е најважна, но како Влада подеднакво ни е важна и вашата безбедност почитувани припадници на специјалната антитерористичка единица Тигар. Наша задача како Влада е да ви ги обезбедиме најдобрите услови за работа. Она со што се гордееме е дека САЕ Тигар со својата врвна стручност и професионално извршување на задачите не се разликува од европските полиции, тоа досега во повеќе наврати го имаат докажано и покажано. За вас не постои горна граница на постигнувања бидејќи секогаш се стремите да бидете подобри и јас ви честитам за тоа”, рече премиерот Ковачевски во своето обраќање.

Министерот Спасовски истакна дека кога се зборува за елитна полициска формација во безбедносниот систем на државата, станува збор за Специјалната антитерористичка единица ТИГАР при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, која зад себе има 42 години исполнети со бројни активности, специјализирани меѓународни обуки, врвни акции и полициски операции.

„Храбро чекорејќи во петтата деценија од своето постоење, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР се профилираше во високоспецијализиран тим на обучени полициски службеници, секогаш беспрекорно подготвени да се спротивстават на новите предизвици во борбата против тероризмот и организираниот криминал, како најголема закана на новото време. Досегашните резултати, пак, се уште еден показател дека ТИГАР како единица е позиционирана рамо до рамо со истородните формации од Европа и светот, парирајќи им како во стандардите на опременост и стручност, така и во врвно професионалното полициско постапување”, истакна министерот Спасовски.

Командантот на Специјалната антитерористичка Единица ТИГАР Драган Прокоповски истакнувајќи ја храброста и пожртвуваноста на припадниците на Единицата, потсети на седумте припадници на Специјалната антитерористичка единица-Тигар кои вршејќи ја својата должност, штитејќи го уставниот поредок, мирот и безбедноста, ги загубија своите животи.

Од страна на припадниците на САЕ – ТИГАР беше реализирана и видео презентација на активностите на Единицата за 2022 година, а во знак на одбележување на 42 години од формирањето на Единицата беа доделени и плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на Единицата за 2022 година. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски додели плакета на Н.Е. Килиан Вал – амбасадор, Шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. Воедно, беа доделени плакети на припадниците за 5, 15, 20 и 25 години служба во Единицата, а од страна на Македонскиот полициски синдикат беа доделени пригодини подароци и плакети на двајца припадници на САЕ Тигар кои годинава заминуваат во пензија.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 1 недела

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 3 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 6 дена

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена