Поврзи се со нас

Вести

Одбележани 62 години од мавровската снежна трагедија

Објавено

на

Пред споменикот на градителите на мавровскиот хидроенергетски систем во Маврови Анови, утрово се одржа пригоден собир во спомен на трагедијата од 1956 година, кога при снежни лавини во Маврово и околината, животите ги загубија 52 лица, градители, граничари и мештани.

Одбележувањето го организираше ХЕЦ „Маврово“. Присутните на настанот со едноминутно молчење и положување на цвеќе им оддадоа почит на загинатите во трагедијата.

„Во знак на сеќавање на оваа голема трагедија, што ги потресе жителите на цела тогашна Југославија, бидејќи градители имаше од сите нејзини краишта, подигнат е овој споменик, а по тој повод се одржува и традиционалниот мавровски меморијал. Ние вработените во Хидроцентралите „Маврово“ секоја година во чест на денот, се собираме пред овој споменик, полагаме свежо цвеќе и се потсетуваме на големата трагедија. Со тоа сакаме да им дадеме до знаење на сите наши вработени, дека луѓето што загинаа во оваа трагедија вечно не задолжија, положувајќи ги своите животи“, рече во својот говор Ѓорѓи Божиноски, директор на ХЕЦ „Маврово“.

Ноќта на 11 февруари, 1956 година, по долината на Радика неколку снежни лавини се урнале врз куќи, бараки на градежници и караули при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив.

Споменикот на градителите е подигнат во 1970 година, а ја симболизира храброста на градителите. На спомен плоча пак се врежани имињата на сите загинати во снежните лавини.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена