Поврзи се со нас

Вести

Одбележани 72 години од учеството на македонските воени единици во ослободувањето на Југославија

Објавено

на

 

На собир со положување на цвеќе, во Гостивар денес беа одбележани 72 години од учеството на 15-от македонски корпус во завршните операции за конечно ослободување на Југославија. Настанот во организација на гостиварскиот одбор на Сојузот на борци се одржа пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк.

Преку реферат присутните се потсетија на борбеноста на македонските воени единици во пробивањето на Сремскиот фронт.

Петнаесеттиот македонски корпус влезе во состав на првата југословенска армија. Во содејство со другите единици на 12 април беше пробиен Сремскиот фронт. Македонските воени формации водеа тешки борби кај Товарник, Винковци, Славонска Пожега, учествуваа и во ослободувањето на Загреб, а дел се бореа и во Словенија. Сакам да истакнам дека Гостивар и гостиварско чесно го дадоа својот придонес во големата и пресудна за слобода. Од нашиот крај паднаа 332 активни борци и 158 жртви на фашистичкиот терор. Само во завршните опереции за конечно ослободување на Југославија загинаа 218 наши сограѓани, додека стотина беа ранети.“ , истакна Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци во Гостивар.

            Букети цвеќе на споменикот положија делегации на боречката организација, пензионерите како и од гостиварските ограноци на политичките партии на ВМРО и СДСМ.

Со едноминутно молчење присутните им одадоа почит на паднатите борци за слобода.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена