Вести
Одбележани 74 години од трагедијата во селото Беличица
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/09/bel.jpg)
Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред, меѓу кои и народните херои Ѓоце Стојчески Амбарче и Тодор Ципоски Мерџан, како и жители на селото.
Настанот го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци од Гостивар во соработка со тетовската боречка организација и со месната заедница на Беличица.
„На 19 септември 1944 година, на овој простор, силата и бруталноста ја потиснаа свеста и надвладеа надразумот. Овде во село Беличица на тој ден, зората не можеше да се вклопи во утрото, а денот не можеше да се раздени. Пламените јазици шараа по небото на Беличица, измешани со врисокот и лелекот од очајот на оние кои гореа живи.“, беше речено на комеморацијата.
На 19 септември 1944 година, бранејќи ја Беличица, во судирот со балистичките групи загинале 21 припадник на Тетовскиот партизански одред. Осумнаесет жени, деца и старци од селото биле стрелани и фрлани во огновите на запалените куќи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград