Гостивар
Одбележани 75 години од борбите и фашистичкиот злостор кај мавровското село Беличица
Со комеморација и положување на цвеќе, во мавровското село Беличица, беа одбележани 75 години од битките и фашистичкиот злостор од НОВ. Животите ги загубија борци од третиот тетовски партизански одред, меѓу кои народните херои Ѓоце Стојчески Амбарче и Тодор Ципоски Мерџан, како и мештани, а селото беше запалено.
Настанот, традиционално го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци од Гостивар, во соработка со тетовската боречка организација и со месната заедница на Беличица.
„На 19 септември 1944 година, во село Беличица, зората не можеше да се вклопи во утрото, а денот не можеше да се раздени. Пламените јазици шараа по небото, измешани со врисокот и лелекот од очајот на оние кои гореа живи.“, беше речено на комеморацијата, пред алејата на загинатите.
Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски изрази почит кон борците од мавровско – реканскиот крај кои зеле активно учество во НОВ и жртвите на фашистичкиот терор. „Тие своите животи ги вградија во темелите на слободата и создавањето на македонската држава. Со желби никогаш повеќе да нема војни и страдања.“, рече градоначалникот.
Одбележувањето започна во село Трница, пред спомен обележјето на паднатите борци, кадешто делагациите се поклонија и положија свежо цвеќе.
На 19 септември 1944 година, бранејќи го селото Беличица, во судирот со балистичките групи загинале 21 припадник на Тетовскиот партизански одред, а дваесетина жени, деца и старци од селото биле стрелани и фрлани во огновите на запалените куќи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди