Вести
Одбележани 75 години од палењето на селата Ниќифорово и Леуново
Пред споменикот на паднатите борци и жртви на фашизмот во Леуново, денес беа одбележани 75 години од палежот на селата Ниќифорово и Леуново. Настанот го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци Гостивар.
„Двете села ја доживеаа најголемата несреќа и трагедија од нивното повеќевековно постоење, а тоа никогаш не треба да се заборави не само поради историјата толку поради иднината , никогаш повеќе и никому да не се повтори. За неколку часови во двете села отишло во неповрат сето она што луѓето го создавале со векови. Овие две села се првите во Македонија кои се до темел уништени.“, рече во својот реферат Радислав Ѓиноски, претседател на Сојузот на борци Гостивар.
На 21 август 1943 година, италијанската војска поомогната од балистите ги запалила до темел селата Ниќифорово и Леуново. Тој ден во Ниќифорово биле убиени Среќко Атанасиески, Ангелина Атанасиеска, Трпе Алексоски, Јован Спирески и Финка Аврамоска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар