Гостивар
Одбележани 76 години од фашистичкиот злостор во село Беличица

Со комеморијација и положување цвеќе денес беа одбележани 76 години од трагедија во мавровското село Беличица, во која од злосторнички банди настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред, меѓу кои и народните херои Ѓоце Стојчески Амбарче и Тодор Ципоски Мерџан, како и 18 жители на Беличица, а беше запалено и селото.
Настанот го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци од Гостивар во соработка со тетовската боречка организација, заедно со месната заедница на селото.
„На денешен ден пред 76 години на само 2 месеца пред конечното ослободување на Македонија на прагот на слободата, овде во с.Беличица се случи не виден злосторнички чин извршен од домашните слуги на окупаторот. Тој ден Беличица беше нападната од страна на балистичките банди а потоа и запалена. Беличица стуткана во бујното зеленило на Бистра и денес трајно ја чува тајната на еден не виден злостор, но и како човечки не покор. Во Беличица беа убиени 21 борец на третиот тетовски партизански одред и 18 мештани на селото Беличица. Временската дистанца не ја намалува болката за сите нив, но уште по силно ја чини благодарноста за нивната жртва, па затоа не можат да бидат и заборавени. Нека им е вечна слава.“, беше речено на комеморацијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче