Поврзи се со нас

Гостивар

Одбележување на Денот на Ромите во Гостивар, ромското знаме свечено подигнато на јарболот пред општината

Објавено

на

Со подигнување на ромското знаме на јарболот пред општината и обраќања на прес конференција, во Гостивар денес беше одбележан, 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Поради пандемијата изостанаа вообичаените прослави и манифестации.

„Неколку години ова е традиција во Гостивар, да го празнуваме 8 Април заедно, со подигнување на знамето пред општината. За жал, поради пандемијата лани и оваа година другите настани се редуцирани. За нас како општина ромската заедница е многу битна, тие се интегрален дел во целото наше функционирање. Претходно во општината немаше ниту еден вработен Ром, сега веќе има двајца вработени само во кабинетот на градоначалникот. Се надевам дека понатаму ќе се вклучат и други луѓе. Ние сме горди што живееме заедно со нашите сограѓани Роми. Им посакувам среќен празник и да го славиме што подолго“, изјави гардоначалникот Арбен Таравари.

Советникот во гостиварскиот совет од Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу истакна дека ќе ја искористи приликата не да говори многу за празникот, туку да ги актуелизира проблемите со кои се соочуваат Ромите во нашата држава.

„Ние Ромите важиме за едни од најлојалните граѓани на оваа држава, но третманот не соодветствува со она што ние го даваме. Ако се направи една анализа се добива впечаток, дека во оваа држава постојат само две нации, со голема почит, македонската и алабанската. Ние денес немаме ниту еден Ром поставен во институциите кои дирекно влијаат за подобрување на животот на Ромите. Кога има седница на Влада, нема ниту еден министер Ром. За ниту еден заклучок што ќе приозлезе од Влада ние не можеме да добиеме информација. Ромите постојано ги следеа „епитети“ дека лажат и крадат, но реалноста е дека токму Ромите се тие кои се излажани и искрадени. Сите пари кои се наменети за Ромите на централно и на локално ниво во некои општини се злоупотребени. Барам обединување на сите Роми, проект кој го почнав заедно со мојот тим, со цел да се постигне рамноправност и еднаков третман“, изјави Салиу.

Бари Адбули, вработен во локалната самоуправа информираше дека по повод празникот, општината ќе додели помош за социјални семејства од ромската популација.

8 април е прогласен за Меѓународен ден на Ромите во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 8 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 9 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 11 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 13 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 14 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 15 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 17 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена