Гостивар
Одбележување на Велика Сабота во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар

Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој, кога Христовото тело е во гробот. Велика Сабота е денот меѓу Велики Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Ден на длабоко молчание и созерцание, денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.
Утрово на Велика Сабота, кој се смета за ден меѓу смртта и воскресението, во црквата „Успение на Пресвета Богордица“ во Гостивар беше отслужена литургија на Свети Василиј Велики. Голем број верници присуствуваа на богослужбата, со молитиви за здравје, мир и спасение, и на крај од литругијата се причестија со Светите тајни на христијанството.
Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој верниците стојат и се молат. Се протнуваат под неа на колена, со понизност. Го чекаат Воскресението. Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение