Поврзи се со нас

Гостивар

Одбележување во Гостивар: Учесниците во Февруарскиот поход наш факел на непресушни извори на револуцијата

Објавено

на

Во чест на 81 година од борбените народноослободителни операции познати како Февруарски поход во Гостивар се одржа пригоден собир со положување цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ во градскиот парк. Одбележувањето традиционално го организираше општинската организација на гостиварскиот Сојуз на борци.

„Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто. Во Февруарскиот поход учествувале нашите сограѓани: Чеде Филипоски, Васил Василески, Тихомир Шарески, Денко Дејаноски, Гаврил Арсеноски, Слободан Пепоски, Злате Малакоски, Никудин Симевски. Во овој суров февруари 1944-та загинува храбриот митралезец Злате Малакоски, а во снежните виулици остануваат и Крсте Ѓиноски, Борче Јованоски, Светозар Спироски. По Пролетната офанзива 1944 биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ. Февруарскиот поход буди најдлабоки емоции и овој февруари. Револуционерната традиција создадена низ вековниот отпор, остави длабоки траги во макотрпната историја на македонскиот народ. Таква е трагата на датумот на Февруарскиот поход, кој е длабоко втемелен во историското паметење на нашиот народ. Според Киро Сотироски Строгов, политички комесар, јунаците на Февруарскиот поход никогаш не умреле, останале наш фаќел на непресушните извори на револуцијата.“, подвлече професорката по историја Катица Аврамоска во својот реферат.

Претседателот на гостиварската боречка организација, Радислав Ѓиноски во говорот го посвети на Злате Малакоски и меѓу другото истакна:

„Злате Малакоски за народен херој е прогласен на 8-ми октомври 1953 година. Бил неуморен, секавичен во акцијата, секогаш подготвен да помогне на другарите. Младиот пукомитралезец загинал во борба со бугарските фашисти во Прилеп. Зачувувањето на споменот за Злате не е само цивилизациска потреба, тоа пред се‘ е потреба на сегашните и идни генерации да се поттикнуваат да ги сочуваат неговите вредности и врз нив да создаваат нови, уште посилни. Само така, жртвата и борбата на Злате ќе има своја смисла и оправдување. Нека денешното одбележување биде наша благодарност и почит на оние кои се бореа и ја изборија слободата на Македонија.“

Букети цвеќе на споменикот на паднатите борци положија делегации на Сојузот на борци, на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар, ОО СДСМ Гостивар и Движење ЗНАМ Гостивар.

На настанот присуствуваа и ученици од гостиварските основни училишта.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 9 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 12 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 15 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 16 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 17 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 18 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 20 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 20 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 22 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена