Поврзи се со нас

Гостивар

Одбраната на обвинетите во Ласкарци побара ослободителна пресуда

Објавено

на

Одбраната на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски во случајот „Ласкарци“ денеска во Основен кривичен суд Скопје во завршните зборови побараа ослободителна пресуда за обвинетите.

Според адвокатката Сузана Абдурахими, бранителка на второобинетиот Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“ ниту еден доказ не докажал дека се исполнува битието на обвиението што му се става на товар на обвинетиот.

Таа даде осврт на изведените докази, со акцент на тоа дека второобвинетиот нема непосредно дејствие, бидејќи пропустите, како што рече, се однесуваат на пропусти во сообраќајот. Ниту еден доказ од доказите не значи дека го исполнуваат битието на обвинението што му се става на товар. Бараме ослободителна пресуда бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомнение дека го сторил делото, рече таа.

Бранителката на третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, адвокатката, Ружа Томеска, исто така потенцираше дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека Ѓорѓиевски го сторил делото што му се става на товар и побара ослободителна пресуда.  Во неговите дејствија не се консумирани сите битни елементи за кривичното дело, рече таа. Таа се осврна на сведочењата на оштетените кои што, како што рече, тврделе дека возачот не кочел што, според неа, упатува на тоа дека случувањето на несреќата е субјективен фактор.

Второ и третообвинетиот се приклучија кон завршните зборови на нивните бранители.

Завршни зборови по паузата треба да дадат и одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски,  петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски.

Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули.

Јакимовски побара најстрога казна за обвинетите за автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа.

Бранителите на првообвинетиот во случајот „Ласкарци“, во завршните зборови наведоа дека во постапката не се долажало ниту едно дејствие за кое е обвинет сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ , Дурмиш Белули, во чиј автобус при незгодата загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.  Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

Сподели ја веста:
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 7 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 15 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 16 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 18 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 19 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 19 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 2 дена

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена