Поврзи се со нас

Гостивар

Оддадена почит на загинатите припадници на полицијата од Гостивар

Објавено

на

    Делегации на СВР Тетово, ОВР Гостивар и Синдикатот на Полиција во Македонија, денеска ги посетија вечните почивалишта на Горан Илијевски од Гостивар и Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце, како и спомен плочата за гостиварците Даил Јанкоски и Александар Николиќ во Циглана, кадешто беше положено цвеќе во нивна чест.

    Оддавање на почит кон овие херои беше организирано по повод Денот на македонската полиција што се одбележува на денешен датум – 7 Мај.

    Горан и Ненад загинаа во оружена престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во 2015-та година, а резервистите Даил и Александар беа убиени на должност на полициски пункт на влезот од населбата Циглана во 2002 година на 26 август, еден часот по полноќ.

    Свежо цвеќе на вечните почивалишта на загинатите полицајци положија и преставници од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

    Со денешната активност беше оддадена достојна почит на хероите од Гостивар кои животот го вложија во служба на безбедноста и татковината.

    Овој датум е прогласен за Ден на полицијата со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена