Гостивар
Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

Претставници од СВР Тетово и ОВР Гостивар им оддадоа почит на загинатите полициски службеници од Гостивар, кои во 2015 година во Диво насеље во Куманово го дадоа животот бранејќи ја татковината. Положија цвеќе и се поклонија на нивните вечни почивалишта.
Вчера (9 мај) се навршија десет години од настаните во Диво насеље, кадешто загинаа Горан Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимовски од Зубовце. Тие учествуваа во полициската акција, првиот како припадник на единиците за брзо распоредување, а вториот како припадник на специјалната единица Тигри.
Горан Илијевски од Гостивар имаше 41 година и беше припадник на единиците за брзо распоредување. Неговите сограѓани го паметат по ведриот дух и како еден од главните иницијатори за возобновување на манифестацијата Водици во Гостивар. Ненад Серафимоски од Зубовце имаше 28 години и беше припадник на специјалната единица Тигри, познат како голем спортист и професионалец.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос