Гостивар
Одделот за неврологија во болницата во Гостивар станува ковид центар
Се зголемуваат болничките капацитети за згрижување на пациенти со ковид во гостиварската болница. Kовид центар станува и одделот за неврологија.
„Имајќи ја предвид алармантната состојба од зголемувањето на бројот на заболени од Ковид 19 во Гостивар и пошироко, директорот на болницата и координативната група, донесоа одлука како ковид центар да биде и одделот за неврологија. На овој оддел во функција ќе бидат над 20 болнички кревети и над 20 здравствени работници, поточно лекари и технички здравствен персонал кои во секој момемт ќе бидат на услуга на пациентите. Директорот и координативната група за време на викендот внимателно ќе ја следат ситуацијата и доколку е потребно во наредните денови ќе го зголемат капацитетот на болничките кревети уште повеќе, секогаш во корист на пациентите хоспитализирани од Ковид 19.“, соопштија од болницата „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.
Од пред десетина дена пациенти со ковид се хоспитализираат и во дел од интерното одделение.
Болничката управа апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките на заштита и да избегнуваат посети на болните кои лежат на одделенијата.
„Апелираме да се избегнуваат посети на хоспитализираните пациенти, за специјалистички – консултативни прегледи, прво да се посети матичниот лекар и само за итни случаеви да се бара болнички услуги, граѓаните да носат заштитна маска, да држат растојание од најмалку 2 метри, редовно да ги мијат рацете. Почитувајте го медицинскиот персонал кој дава сè од себе и се бори во моментот со невидлив непријател. Само на овој начин можеме прво да се заштитиме себеси, нашето семејство, роднините и општеството. Се надеваме дека сите заедно, и со помош на Господ ќе излеземе и од овој предизвик од кој веќе цел свет е на мака.“, се вели во соопштението.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар