Деца Родители
Одгледување деца на скандинавски начин – спиење надвор на -10 и без физички казни

Задоволни родители и здрави, среќни деца! Таква е сликата во скандинавските земји, скоро во сите случаи. Како тоа им успева?
Скандинавското општество негува големо почитување кон детството и ги поддржува родителите во овозможување на безгрижни детски денови, истражување на светот околу себе и целосна слобода.
Интересно е што нивната традиција се совпаѓа со соремените концепти на родителство, кои се и научно поткрепени. Самостојно играње, преземање на ризик, суптилна дисциплина и многу, многу време поминато на отворено. Тоа се најважните тајни за супер здрави и психички силни деца во семејствата во Шведска, Данска, Норвешка, Финска.
Бебињата и малите деца спијат надвор и на минусни температури
Додека вие го туткате детето со еден куп облека и му ја загревате собата за да му биде топло додека спие, родителите ги оставаат децата и бебињата во скандинавија да спијат на отворено, на балконите или во дворовите и на минусни температури. Секако, не преку ноќ, но 2 до 3 часа во текот на денот задолжително. Свежиот воздух позитивно влијае врз целиот детски организам. Го зајакнува имунитетот, ја подобрува работата на респираторните органи, освежува.
Нема физичко казнување
Родителите во скандинавија никогаш не ги „воспитуваат“ своите деца со шамарк, кубење на коса, плескање по газе. Тоа е детално и конкретно регулирано и со закон кој најпрво во 1979 година бил донесен во Шведска, а потоа и во другите земји. И во самата традиција на одгледување на деца, физичките казни таму не се познати. Наместо тоа, родителите користат методи на едукација, поттикнување и слично за да му укажат на детето што е правилно.
Децата не треба да се чуваат под стаклено ѕвоно
Премногу заштитување, не само што не им годи, туку е на штета на децата. Родителите во скандинавските земјии се држат до принципи на почит, грижа, но и самостојност, учење од своите грешки и слично.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022