Рецепти
Одличен посен зимски ручек-Кисела зелка со компир
Киселата зелка е дел од нашата традиционална кујна и најчесто се јаде во зима, во студените денови. Многу е корисна, содржи бројни витамини и минерали, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, а благодарение на пробиотиците позитивно делува и на цревата. Освен како салата или за сарма, киселата зелка може да ја искористите и за одличен зимски ручек со компири, кој е и посен.
Состојки:
1 кг кисела зелка
600-700 гр компири
1 голема главица црвен кромид
1 голема свежа црвена пиперка
3 чешниња лук
ловоров лист
бибер, масло
црвен пипер
Подготовка:
Исечете го кромидот на поголеми ленти, исто така и пиперката и лукот и сето тоа пропржете го на масло. Исечете ги зелката и компирот, а потоа додадетеги во тавата. Динстајте без додавање вода на тивок оган околу 30 минути. Додадете ги зачините.
Издинстаната смеса наредете ја во тава и потпечете го јадењето. Ќе биде готово за околу 20-30 минути.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград