Рецепти
Одличен сос со сенф за секаков вид на месо

Честопати недостигаат идеи, како некое јадење да се напави повкусно и попривлечно на едноставен начин. Кај нас традиционално месото се сервира со компир, ориз или салата. Доколу сакате да се обидете со нешто ново како додаток за месото, може да го подготвите овој сос чија основа е сенфот.
Состојки:
½ филџан пилешки бујон
2 лажици сок од јаболка
4 лажици сенф
1 лажица маслиново масло
2 чешниња лук
1 лажица густин
2 лажици вода
половина домат или пиперка (по вкус)
магдонос
сол и бибер
Подготовка:
Промешајте ги бујонот, сокот од јаболка и сенфот. Во тава пропржете го ситно исецканиот лук на маслиновото масло. Потоа постепено додавајте ја во тавата смесата со сенфот и постојано мешајте. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете да се вари уште 3-4 минути.
Промешајте го густинот и водата за да добиете убава смеса и додајте ја во тавата. Откако ќе зоврие мешајте уште 2 минути. На крај додајте сол, бибер и магдонос и ситни парченца домат или пиперка.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022