Здравје и убавина
Одлична комбинација за здрави коски-Јогурт и суви сливи

Благодетите на сувите сливи за здравјето на човекот се бројни, а еден од нив е зајакнување на коските. Антиоксидансите и антиинфламаторните својства на сливите може да спречат губење на коскената маса и да помогнат во одржувањето на здрава густина и формирање на коските.
За јогуртот веќе е општо познато дека има многу позитивно дејство врз здравјето на коските, поради хранливите состојки кои ги содржи.
Комбинацијата јогурт и суви сливи е иделана доколку сакате да ги зајакнете коските. Неодамнешни истражувања покажале дека секојдневното консумирање на неколку суви сливи помага во одржување на јачината на коските. Сливите содржат калиум, магнезиум и витамин К, како и други биоактивни соединенија кои се поврзани со спречување на губење на коскената маса.
Нутриционистите предлагаат да додадете сливи во чинија со обичен јогурт. Оваа комбинација може да се заслади со мед или друго природно сладило замена за шеќер и да се додаде цимет по вкус.
Неколку совети плус за здрави коски
Исхрана која вклучува разновидни продукти богати со хранливи материи може да го поддржи здравјето на коските.
Се препорачува следната храна:
-млечни производи (како што се млеко со малку маснотии и јогурт)
-риба (како конзервирана сардина и лосос)
-овошје и зеленчук
-мешунки
-храна збогатена со калциум и витамин Д (како млеко, храна од соја, сокови и цели зрна)
Оваа храна содржи хранливи материи за кои е докажано дека се корисни за мускулно-скелетниот систем. Тука спаѓаат протеини, витамини А, Ц, Д и К, витамини од групата Б, калциум, магнезиум и калиум.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос