Поврзи се со нас

Деца Родители

Одлики на авторитативно родителство

Објавено

на

Детскиот психолог, професорката Франсин Зелцер за американски Си-Ен-Би-Си објаснува зошто е добро да се биде авторитетен родител. Таа притоа истакнува дека има четири вида родителство што може да се применат во различни ситуации – попустливост, авторитет, рамнодушност и авторитарност-демократско.

Но, повикувајќи се и на мислењата на другите истражувачи, таа смета дека демократско родителство е на прво место во воспитувањето.

Авторитативен родител е оној кој има големи очекувања од своето дете, но и големи очекувања од себеси.

– Авторитативно родителство го поддржува и најчесто е во согласност со потребите на детето. Таквиот родител им пристапува на децата со отворен и искрен разговор, за да ги научи за она што е вредно и тие да можат да ги разберат нештата, објаснува Зелцер.

Од друга страна, пак, авторитативните родители се, исто така – строги, но не ги покажуваат потребните емоции. Според тоа, авторитетните родители се одликуваат со следново:

– Одговараат на емоционалните потреби на детето и му поставуваат високи стандарди.

– Често разговараат со детето и ги земаат предвид неговите мислења и чувства.

– Му помагаат на детето да размислува и учи.

– Го поддржуваат и ја охрабруваат неговата самостојност и независно одлучување.

– Длабоко влијаат на развојот на детето.

Психологот Зелцер истакнуваа дека истражувањата покажуваат дека овој вид родителство резултира со самоувереност кај детето, кое подоцна, многу веројатно, ќе има и академски успех, подобри социјални вештини и способност за решавање проблеми.

Попустливото родителство резултира со тоа што детето е „победник“, а родителот – „губитник“. Демократските родители не бараат слепа послушност, туку преку разговор објаснуваат зошто постојат правила.

– Сепак, не ја поедноставувајте нагласката на казната. Бидете поддржувачи и навистина слушнете го вашето дете. Прашајте го и обидете се да го разберете нивното мислење. Оставете ги да одлучат, за да можат сами да пораснат и да научат, вели Зелцер.

Според неа, родителот треба да се однесува кон своите деца како добар човек, бидејќи тој сака и децата да бидат такви како него.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена